Скриените симптоми на замастениот црн дроб можете и сами да ги препознаете
Замастен црн дроб често нема симптоми, но лекарите откриле скриен знак кој ве предупредува да се проверите.
Замастен црн дроб е состојба која се карактеризира со таложење на вишок маснотии во црниот дроб. Потоа доаѓа до прекумерна акумулација на триглицериди во форма на капки маснотии во клетките на црниот дроб. Зголемените маснотии во црниот дроб го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес, цироза, а истражувањата покажуваат дека мажите се повеќе изложени на ризик од жените.
Замастен црн дроб, познат и како безалкохолна стеатоза, обично има малку или никакви симптоми во најраните фази. Меѓутоа, како што напредува, може да предизвика оштетување на црниот дроб. Лекарите тврдат дека еден симптом е особено забележлив при движење на дебелото црево. Тоа е необична боја на урината. Кафеавата или малку портокаловата боја е главниот знак за напредната масна болест на црниот дроб.
„Тоа се случува кога во телото се акумулира премногу билирубин, супстанца која се создава во процесот на разградување на старите црвени крвни зрнца бидејќи црниот дроб не ги разградува како што треба, односно нормално“, објаснуваат експертите. Покрај тоа, вообичаените симптоми на замастен црн дроб во рана фаза вклучуваат губење на апетит, чувство на слабост или замор, гадење, треска и неочекувано губење на тежината.
Важно е да знаете која храна е најдобра за црниот дроб. Станува збор за храна која содржи многу влакна, бидејќи црниот дроб на тој начин добро ги извршува своите функции. Истражувањата покажаа дека брокулата може да помогне во заштитата од безалкохолни масни заболувања на црниот дроб, а овесната каша може да помогне во намалувањето на салото на стомакот. Покрај овие две намирници, има и други кои се најдобри:
– Спанаќ
– Боровинки
– Грав
– Јаткасти плодови
– Куркума
– Лук
– Кафе
– Бадем