Скот Бесент: Имаме основи за трговски договор со Кина, остануваат технички прашања

Американскиот министер за финансии Скот Бесент денеска изјави дека САД и Кина имаат „основи за договор“ околу трговијата пред клучниот рок за воведување нови царини, додавајќи дека се преостанати само технички прашања.
– Верувам дека имаме основи за договор. Останаа уште неколку технички детали од кинеска страна кои треба да се разјаснат. Уверен сум дека тоа ќе биде решено, иако договорот сè уште не е целосно склучен, изјави Бесент за Си-Ен-Би-Си.
Тековната пауза во меѓусебните царини меѓу САД и Кина истекува на 12 август, а Бесент неодамна изјави дека дијалогот меѓу Вашингтон и Пекинг станува сè „посуптилен“ и оти постои напредок во меѓусебното разбирање, но истовремено предупреди дека Америка не е задоволна со тоа што Кина сè уште купува нафта од Иран.