Скопски „Водовод“ има нов директор
Од Град Скопје преку соопштение информираат дека на местото нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Виктор Панчевски.
– Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие „Паркови и зеленила“, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие. Во наредниот период ЈП „Водовод и канализација“, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието, велат од Град Скопје.