Скопје ја виде првата модна ревија посветена на финансиската слобода на жените

Во „Дабл Три Хилтон“ (DoubleTree by Hilton), во присуство на голем број јавни личности, модни икони и жени од бизнис-заедницата во нашата земја, се одржа настан за паметење. Креативната кампања , посветена на поддршката на жените, го доби своето големо финале: модна ревија на уникатните парчиња мода – фустани со џебови, кои го вклучуваат џебот како симбол за финансиска, економска самостојност на жените.
На модната ревија продефилираа креациите на модните дизајнерки Јована Филиповиќ, Аида Зекир (М Couture), Татјана Кокев, Моника Коцарева и дизајнерот Марјан Бебекоски. По завршувањето на ревијата, сите фустани, односно креации на модните креатори беа изложени на аукција, на која од хуманите гости се собраа неверојатни 155 000 денари. Сите собрани средства ќе бидат донирани за жени од ранливи социјални категории.