Скопје да биде град во кој младите ќе сакаат да останат – порака од регионалната конференција за демографија


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на регионалната министерска конференција „Leading Change: People-Centred Paths to Demographic Resilience“, посветена на справувањето со демографските промени и градењето отпорност во регионот.

На конференцијата беше истакнато дека демографските предизвици, како иселувањето на младите, стареењето на населението и потребата од подобри услови за живот, бараат одговорни и конкретни политики, при што локалната самоуправа има клучна улога во креирањето решенија блиски до граѓаните.

Од Град Скопје посочија дека во соработка со Владата се работи на мерки и политики насочени кон подобрување на јавните услуги, образованието, социјалната заштита и урбаниот развој, со цел Скопје да биде град во кој младите ќе сакаат да останат, а семејствата ќе имаат услови за квалитетен и достоинствен живот.

Воедно беше нагласено дека преку регионална соработка, размена на искуства и партнерство со меѓународните организации, може да се изградат поотпорни и поинклузивни општества подготвени за предизвиците на иднината.