Скопјани ноќеска ги разбуди земјотрес од 3,4 степени според Рихтер


Земјотрес со локална магнитуда од 3.4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2.02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. 

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошката опсерваторија.