Скенирате фискални? Исплата до крај на август


Исплатата на повратот на ДДВ за скенираните фискални сметки од вториот квартал 2025 година (април–мај–јуни) ќе биде целосно реализирана најдоцна до 31 август, согласно законскиот рок од 60 дена по завршување на кварталот.

Граѓаните кои ги исполниле условите, скенирале сметки и имаат точно внесени трансакциски сметки, средствата ќе ги добијат автоматски по обработката. Од Управата за јавни приходи (УЈП) потсетуваат дека најчеста причина за доцнење во претходните исплати биле некоректно внесени или неажурирани трансакциски сметки во апликацијата „МојДДВ“.

За навремена исплата, граѓаните треба да:

Проверуваат дали сите скенирани сметки се евидентирани во апликацијата „МојДДВ“. Осигураат дека трансакциската сметка е правилно внесена и активна во системот на УЈП. Следат официјални известувања од УЈП и апликацијата за актуелности.

Со редовно ажурирани податоци, повратот на „МојДДВ“ ќе се исплати навремено. Граѓаните можат да добијат до 2.100 денари за едно тромесечие или до 8.400 денари за цела година.