Скелет од тирекс наскоро на наддавање
Скелет на тираносаурус-рекс, вид диносаурус што живеел пред 67 милиони години, во Швајцарија на 18 април, ќе биде ставен на аукција, објави аукциската куќа „Колер“.
Тирексот наречен „Тринити“, целосен примерок со речиси 3,9 метри височина и 11,6 метри должина, според каталогот на куќата со седиште во Цирих, е проценет меѓу 6,11 и 8,15 милиони евра. Меѓутоа, според наводите, скелетот е составен од повеќе делови од различни тирекс фосили најдени меѓу 2008 и 2013 година во сојузните држави Монтана и Вајоминг во САД.
„’Тринити’ е еден од поспектакуларните постоечки тирекс скелети, добро сочуван и извонредно реставриран фосил“, се вели во соопштението.
Ова ќе биде „третпат во светот и првпат во Европа“ скелет на тираносаурус-рекс да биде ставен на продажба, објави „Колер“, од каде што уверуваат во реткиот квалитет на скелетот.
Во светот се најдени и поставени само 32 скелети на тирекс.