„Скечерс“ произведе детски патики со скриен дел за „AirTag“


Моделот, наречен Find My Skechers, е наменет за деца на возраст од една до 10 години и има дел за AirTag на Apple под петицата. Доколку родителите не се задоволни со следењето на своите деца преку Snapchat или паметни часовници, сега можат да стават AirTag во нивните чевли.

Сепак, децата на возраст од само 10 години лесно можат да откријат дека го носат овој модел на патики, а бидејќи многу од нив користат паметни телефони, би можеле да добијат и предупредување дека AirTag е со нив. Покрај тоа, една студија покажа дека користењето дигитална технологија за следење на локацијата на децата всушност води кон нивно побунтовно однесување.

Од друга страна, AirTag може да помогне во пронаоѓањето патики заборавени во училиште, камп или кај пријатели. Корисниците на интернет изјавија дека таков модел би бил корисен и за постарите луѓе, кои би можеле да талкаат.

Во рекламата за патиките се тврди дека патиките имаат „паметно и безбедно скриен преграден дел“ каде што родителите можат да го сокријат AirTag, и дека тој нема да им пречи при одење. Патиките се перат во машина за перење и веќе се на распродажба, но AirTag не доаѓа со нив.