Сите зборат за зелениот блејзер на Вимблдон- еве зошто Кејт Мидлтон е модна икона
Лондон– Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон воодушеви со елегантната модна комбинација за годинешниот Вимблдон. За овој настан, таа се одлучи за бел плисиран фустан, зелено сако од луксузната модна куќа „Балман“, салонки со потпис на Џанвито Роси и чантичка од „Малбери“.
Впечатливата јакна имаше бели ревери и бели копчиња, повторувајќи го стилот по кој беше позната принцезата Дијана. Многумина коментираа дека ова сако наликува токму на стилот на принцезата Дајана.

Секој изглед на принцезата од Велс, станува тренд, лани ги врати туфните на престижниот тениски турнир. Кејт одамна е позната како поборник за одржлива мода, честопати повторно носејќи ги дури и нејзините најпрепознатливи парчиња.

Принцезата вчера го зазеде своето место на теренот 18 , а го следеше мечот меѓу врвната британска тенисерка Кејти Бултер која играше против Австралијката Дарија Савил. Натпреварот беше прекинат поради дожд.
Вчера, во кралската ложа беше во друштво и со поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер (41) кој покажа дека сè уште е крал на Централниот терен, откако организаторите му оддадоа почит за сите успеси кои ги постигна во својата кариера на лондонскиот грен – слем турнир.

Кејт го доби ова покровителство од кралицата Елизабета Втора бидејќи е голем љубител на тенисот.
