Сите инспектори во Скопје под капата на Градот од Нова година


Скопските општини заеднички ќе се борат против загадувањето и отпадот низ градот, откако денес беше потпишан меморандум помеѓу градоначалниците, со кој се бришат меѓуопштинските граници и административните пречки.

Со оваа одлука инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и редари ќе можат ефикасно и независно да вршат инспекции и да казнуваат низ целата градска територија, без да службата да биде злоупотребена, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

-Со воспоставување на ваквата институција се воспоставува всушност и ефикасен систем на контрола врз почитувањето на законите, во овој дел во кој што најавуваме безкомпромисна борба со сите фактори што претставуваат закана за средината во која што живееме, вели Шилегов.

Здружениот тим со работа ќе почне од први јануари, следната година, а заеднички бројот на инспектори и комунални редари изнесува 115 лица, кои ќе бидат координирани од инспекциската служва на Град Скопје. Многу од општините во изминатиов период се жалеа дека имаат недостаток на инспекциски кадар, па од следниот месец тоа повеќе нема да биде изговор, велат првите луѓе на општините.

-Врз ваквиот принцип на работа, ќе можеме да превенираме, да укажеме, да ги спроведеме сите мерки, активности кои ќе допринесат за заштита на човековата околина. Јас се согласувам дека ќе не можеме после први јануари 2021 година да бараме оправдувања, дека гореле гуми во Лисиче, Гази Баба, Вардариште или некое друго место, истакна Борис Ѓеорѓиевски градоначалник на Гази Баба.

Градоначалникот веќе најави дека ќе побара законски измени и за секторот градежништво. Тој порача дека постои волја за соработка со секторот, но постои формална пречка за здружување со истиот за поефикасно спречување на злоупотребите и дивоградбите низ Скопје