Сите дубари на МОН: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат

Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не функционира, затоа што „заборавиле“ да направат вентилација, па набавената опрема не е ставена во употреба, а дел од објектот за кој се потрошени 3.450.000 евра не може функционално да се користи за намената за која е предвиден, констатира Државниот завод за ревизија во последниот извештај за работата на МОН.
Ревиозрите издале неповолно мислење за финансиските извештаи на сметка на основниот буџет, како и усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.
Со ревизијата е утврдено и дека по повеќе од една деценија, МОН не презело мерки за наплата или отпишување на побарувањата по основ на студентски кредити доделени во периодот 1998 до 2010 година, од приближно 18 милиони евра.
Во Програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта за 2023 година, утврдено е дека се реализирани без утврдени цели, приоритети и индикатори на успешност, а не бил уреден ни начинот на распределба на буџетските средства, ниту критериумите за изботка на проекти за изградба и реконструкција на училишни објекти.
ДЗР констатира и дека во 2023 година за стипендии за запишани студенти на еден од првите 100 универзитети во странство се исплатени речиси три милиони евра, а не постои систем за ангажирање на овие студенти по завршувањето, со што не се обезбедува ефикасно користење на вложените средства. Дополнително за нив исплатени се повеќе средства поради разликите во курсот на денот на на исплата, место да се пресмета по курсот на денот на објавувањето на конкурсот.
Ревизорите го истражувале и трошењето пари за проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници на врвните универзитети во САД, Англија, Франција и германија, за кои од 2012 до 2021 година потрошени се приближно 12.250.000 евра, а со нив се постапувало немарно. Имено, книгите се уште не се доставени со државните органи, не се води евиденција за прием и издавање од магацин, а се чуваат несоодветно, па дел се оштетени.
Утрвдено е и дека блок дотациите за основните и средните училишта се вршат без критериуми.
Сите забелешки на ревизорите може да ги прочитате на следните линкови:
https://dzr.mk/mk/250902-revizija-na-regularnost-2024-ministerstvo-za-obrazovanie-i-nauka