Сирени за можен воздушен напад се огласија во Тел Авив


Напади на Хамас имаше и врз Тел Авив (Фото: Ројтерс)

Сирените за можен воздушен напад денеска се огласија во Тел Авив и неговите предградија, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во изминатите неколку часа имаше ракетни напади од Појасот Газа врз јужните израелски градови, а последен пат доцна синоќа беа лансирани ракети со долг дострел.

Засега нема информации за повредени или материјална штета, пренесува „Тајмс оф Израел“.