Синот на Елизабет Харли нема да добие 250 милиони долари наследство од татко му


Англија– Синот на Елизабет Харли, Демијан (19), го нема во тестаментот на покојниот татко Стив Бинг. Демијан е исфрлен од тестаментот на неговиот покоен татко Стив Бинг по судска жалба од неговиот дедо Питер Бинг, се вели во извештаите .Уделот на Демијан се проценува на скоро 250 милиони долари, се тврди во извештајот.

Бинг, богат финансиер, почина во јуни 2020 година на 55-годишна возраст, по скок од 27 кат на зграда во Калифорнија. Извор близок до починатиот потврди дека Бинг страдал од депресија предизвикана од самоизолацијата за време на пандемијата на коронавирусот.

Бинг, има и и ќерка Кира Керкоријан (23), која ја имаше со пензионираната тенисерка Лиза Бондер. Пред својата смрт, Бинг победи во правна битка против сопствениот татко Питер Бинг, кој се обиде да ги отстрани Демијан и Кира да имаат пристап до богатството, пренесува Дејли меил.

Питер Бинг, сепак, ја обжали одлуката врз основа на тоа дека Демијан и Кира биле деца родени вонбрачно. Според извештајот, богатството на Бинг сега се дели меѓу децата кои и припаѓаат на неговата сестра Мери.

“Кога Стивен си го одзеде животот, тој почина мислејќи дека неговите деца ќе бидат згрижени. Она што го сакаше Стивен сега не се остварува. Знам дека Стивен ќе беше уништен”, реагира актерката Елизабет Харли .

Бондер, исто така сподели изненадувачка реакција, велејќи за Дејли Мејл: “Како мајка, се прашувам зошто мораше да се случи ова. Зошто да се направат две невини деца жртви?”

Освен по филмските достигнувања, Бинг во јавноста беше познат и по бурниот љубовен живот и врските со славните убавици како Ума Турман, Никол Кидман и други. Во 2002 година со актерката Елизабет Харли доби син кој многу години подоцна го призна. Лиз Харли сама го растеше нивниот син.