Синди Крафорд и Доли Партон сега се супербогати, вели Форбс

САД– Супермоделот Синди Крафорд (55) и кантри-ѕвездата Доли Партон (75) се новите славни жени кои се приклучија на импресивното друштво на супербогатшки на „Форбс“. Магазинот ги рангираше меѓу новите 15 успешни жени кои лани го зголемија своето богатство кои сами го стекнале.
Крафорд, благодарејќи на линијата за нега на кожа Meaningful Beauty, сега вреди 225 милиони долари, а приходите на Партон доаѓаат од различни извори – празничен албум, „A Holly Dolly Christmas;“ филм на Нетфликс, „Божиќ на плоштад“ и секако, удел во нејзиниот тематски парк „Доливуд“ – богатството на Партон достигна 350 милиони долари.
Неодамна, Партон го прошири своето портфолио со објавувањето на нејзината нова линија парфеми наречена “Dolly — Scent from Above.” Мирисот е соработка со ScentBeauty и, за да продолжи со тоа, таа објави нова песна наречена “Sent from Above.”