Синди Крафорд го продава домот во Малибу за 16 милиони долари
САД-Супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг, бизнисменот Ренди Гербер, го продаваат својот својот стилски дом во Малибу за 16 милиони долари.
Тоа е 4,37 милиони долари повеќе отколку што го платиле во 2017 година, кога го купиле од OneRepublic фронтменот Рајан Тедер, кој го обновил и проширил имотот од 1950-додека живеел таму, додавајќи спална соба, семејна соба и гаража со три автомобили. Тој пак ја купил куќата во шпански стил од Грегори Гудман, филмски продуцент кој стои зад „ Jason Bourne” и “Captain Phillips“.
“Крафорд и Гербер ги исфарбаа надворешните порти црни, но ги задржаа работите главно исти. Имотот располага со еднокатна куќа од 5.386 метри квадратни и шик простор за живеење на отворено со салони, внатрешен двор и базен, пет спални соби и 5,5 бањи.
Крафорд (54) започна со манекенство како тинејџерка и се појави на насловни страници на стотици списанија вклучувајќи Vogue, W, People и Elle. Од 1989 до 1995 година, таа беше домаќин на модната ревија на МТВ „“House of Style.”
Гербер (58) е поранешен модел и сопственик на ноќни клубови. Во 2013 година, тој беше ко-основач на брендот на текила Casamigos, со актерот Џорџ Клуни која во 2017 година ја продадоа за милијарда долари. Двојката има две деца тинејџери.
Двојката минатото лето, купи современ дом за 4,9 милиони долари во ексклузивниот клуб Медисон во Ла Квинта. Една година порано, тие го продадоа својот имот од три хектари во Малибу за 45 милиони долари.