Силно невреме ја погоди Норвешка, активирано е предупредување за поплави и лизгање на земјиштето


Бурата Јакоб во четвртокот ја погоди западна Норвешка, предизвикувајќи неколку црвени предупредувања за поплави и лизгање на земјиштето.

Во делови од Мореог Ромсдал, Вестланд и Рогаланд се издадени предупредувања за екстремни временски услови.

„Тоа е само почеток, ова ќе продолжи. Денеска во текот на денот и во вечерните часови ќе има пообилни врнежи. Веројатно ќе биде поинтензивно на многу места“, изјави дежурниот метеоролог Марит Бергер за новинската агенција НТБ.

Во Берген, спасувачката служба остана без вреќи со песок, поради што беше побарано воена помош. Полицијата во Вестланд, регионот кој го опфаќа Берген, ги советуваше жителите да останат дома.

Поради лошото време откажани се повеќе поаѓања на возови, а затворени се неколку патишта, јавува националната телевизија НРК.

Патот источно од Берген беше затворен по одрон на карпи, иако не беа пријавени други штети поврзани со невремето. Синоптичарите укажуваат дека црвените предупредувања ќе останат во сила во текот на ноќта.