Силна бура го погоди Сплит – траект удри во туристички брод и тој тоне


Силна бура го погоди Сплит и околината во вторник околу 9 часот наутро, со обилни дождови, град и силни ветрови кои соборија дрвја и предизвикаа прекини во електричната енергија. Многу патишта се поплавени, а еден прод потона, јавува „Дневник“.

На улиците на Сплит може да се чуе звукот на службите за итни случаи, а жителите масовно бараат помош. Обемот на штетата во градот сè уште не е познат, но сигурно ќе биде голема.

Фериботот „Петар Хекторовиќ“ удри во два брода, едниот потона: Маневарот на капетанот спречи трагедија!

Сплитското пристаниште утрово беше сведок на неверојатен инцидент, а брзата реакција на капетанот спречи катастрофа, јавува „Јутарњи“.

Фериботот „Петар Хекторовиќ“ утрово удри во два брода во Сплитското пристаниште, поради силни бури и ветрови – голем катамаран и туристички брод.

Еден од бродовите потона, потврди директорот на Сплитската управа на пристаништето, Вице Михановиќ.

„Поради налетот на ветерот, јажињата што го врзуваа фериботот за брегот се скинаа, па почна неконтролирано да се движи низ пристаништето. Прво се потпре на катамаранот „Крило“, а потоа удри во голем туристички брод кој моментално тоне“, изјави за „Тпортал“ Звоне Перкушиќ, раководител на пристанишните операции, додавајќи дека, за среќа, нема повредени.

Тој ја истакна и храбрата и вешта реакција на капетанот на фериботот, која, според него, спречила посериозна несреќа и поголема штета.

На местото на настанот беа испратени пожарникари, сите служби за итни случаи и вработени во компанијата CIAN за да се спречи евентуално загадување на морето.

Во областа на Северното пристаниште Сплит, неколку бродови се одвоија од своите пристаништа поради силни бури и во моментов неконтролирано пловат по морето. Неофицијалните информации зборуваат и за јахта долга над 30 метри што се насукала во близина на Дивуље.