Сиљановска од Матарела барала гаранции за европската иднина, но не наведе какви


 

 

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Рим на средбата со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела побарала гаранции за европската иднина на државата.

„Побарав од италијанскиот претседател и од Италија на натамошниот пат да помогнат околу давање гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е подготвен да застане зад нас, се разира и во барањето на решенија со соседите“, изјави Сиљановска Давкова по средбата со Матарела.

Како што јави известувачот на МИА од Рим, таа средба ја оцени како плодна и конструктивна. На неа разговарале за сестраната соработка во период од 30 години, не само со нас, туку и со целиот регион на Западен Балкан.

„Претседателот рече дека Италија ќе продолжи да го поддржува регионот, да не поддржува нас, во секој поглед, не само во евроинтеграциите, туку и во економијата, обраозванието, културата, одбраната, па и италијанското и нашето членство во меѓународни организации“, рече Сиљановска-Давкова.

Во сооопштението од кабинетот на Сиљановска се наведува дека таа му рекла на Матарела дека за да се одржи кредибилноста на процесот на проширување, почитување на меѓународното право и универзалните демократски вредности Италија ќе ќе го поддржува мериторниот процес на исполнување на Копенхагенските критериуми во однос на евроинтеграциите. 

Таа истакна дека на средбата ја импресионирало тоа што Матарела покажал длабоко разбирање за направените жртви на земјава во процесот на евроитеграциите.

„Напомена дека во моментов не може да зборуваме дека има големи и мали држави во ЕУ, дека сите се мали и дека сите имаат потреба едни од други. Постигнавме согласност дека европските стандарди треба да се почитуваат од сите и од оние надвор, како од оние што се внатре“, рече Сиљановска.

Со средбата со Матарела таа го завршува официјалниот дел на посетата на Рим и Ватикан во рамки на честувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.