„Во прашање е закон што се носи со двотретинско мнозинство, којшто претседателот, согласно членот 75, став (4) е должен да го потпише, односно на кој нема право да стави вето. Законот е реформски и со него:

● Ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност;

● Ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за култура и туризам);

● Ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства: (Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација) ; 

● Ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата (Министерство за спорт) -објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Со законот  од досегашните 16 министерствата владата во иднина ќе има  20. Овој потег  не е во согласност со залагањата на претседателката Гордана Силјановска Давкова, која уште претходно тврдеше дека ќе се залага за намалување на министерствата.

Со ова Македонија со 20 министерства и дополнително и вицепремиери, станува држава која има Влада со една од најбројните министерства. Помалку од нас имаат и многу држави од регионот. Па така далеку поразвиената Словенија има 16 министерства и 4 вицепремиер (https://www.gov.si/drzavni-organi/ministrstva/  , додека Хрватска пак има 11 министерства и 7 вицепремиери (https://vlada.gov.hr/clanovi-vlade/66 . И соседна Албанија има помалку министерства од нас и нивниот број е 16 министерства и еден вицепремиер.