Силен земјотрес ја погоди Австрија


 

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер забележан е утрово во средишна Австрија.

Земјотресот се случил во 8.30 часот, шест километри западно од Адмонт, во покраината Штаерска, 77 километри јужно-југосисточно од Линц.

Според податоците на Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, потресот бил на длабочина од два километра.