(ВИДЕО) Стравични снимки од болниците за ковид во Русија

Владејачката партија го загуби мнозинството во градскиот совет на Томск (Фото: Ројтерс)

Американската телевизиска мрежа Си-ен-ен објави видео снимка од пренатрупана болници во Русија, истакнувајќи дека најверојатно бројот на смртни случаи во Русија е многи поголем отколку што покжуваат официјалните податоци.

Си-ен-ен објави видео снимка, што ја добила од руски лекар во средината на октомври од болница во Уљановск, град околу 700 километри источно од Москва.
На снимката се гледаат беживотни тела на носила, а само на неколку метри пациенти со Ковид-19 се борат за живот.

„Вака изгледаат нашите ноќи, застрашувачки“, се слуша мшки глас на видео снимката.

Си-ен-ен тврди дека добила повеќе такви снимки.

Американската телевизија доби и пристап до привремената болница со 1.300 кревети во Москва, која е поставена на лизгалиштето за светското првенство. Но во болницата наречена Ледена палата, сѐ е уредно и сѐ е во ред.