Што значи јавното-приватно партнерство за воведување „Смарт Аеродром“?


Фото: Б. Грданоски

Проектот „Смарт Аеродром“ се спроведува со модел на јавно – приватно партнерство, а почетната инвестиција за набавка на целокупната опрема е трошок на приватниот партнер.
Ваква најава за проектот општината пушти пред повеќе од една година, а пред две недели беше финализиран и потпишан договорот со компанијата „Кресцент-смартсити дооел Скопје“.

Како општината нема да плати за овој проект, дополнително и ќе се оставри заштеда на електрична енергија, односно ќе се намалат сметките за струја, а ќе бидат наместени енергетски ефикасни светилки за јавна расвета на цел Аеродором, побаравме објаснување од локалната самоуправа.

Оттаму за „Независен“ велат дека по инсталацијата на опремата и ставањето во функција, очекуваат дека со истиот ќе се направи заштеда од 80 отсто од трошокот за електрична енергија кој го има општината, со оглед на тоа дека моменталниот систем на осветлување на Аеродром е многу нефункционален и застарен.

Согласно Законот за комунални такси, општината добива средства врз на такса за комунално осветлувањем додаваат од Аеродром.

„По имплементацијата на проектот, ќе отпочнеме да плаќаме на приватниот партнер процент од комуналната такса, износ кој очекуваме да биде значително помал од заштедата што ќе се оствари со проектот“, велат општинските пресметки.

За времетраење на договорот, покрај заштедата на електрична енергија, Општина Аеродром планира да оствари заштеда и врз основа на одржување, бидејќи обврската за одржување во следниот период е на приватниот партнер.

Фото: Б. Грданоски

Воедно, приватниот партнер во „Смарт Аеродром“ ќе остварува и приходи од закуп на рекламен простор, изнајмување на велосипеди и полнење на електрични автомобили. Покрај ова, системот ќе придонесе за подигнување на квалитетот на живеење во Аеродром, ќе ја зголеми мобилноста и ќе влијае за почиста и побезбедна животна средина.

Инсталацијата на нови светилки, поставување дисплеи, станици за полнење на електрични автомобили и електрични тротинети и велосипеди за изнајмување треба да се постават во рок од шест месеци, значи до крајот на летото.

Договорот што пред две недели го попишаа градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и Ерик Ван Зеле, претставник на компанијата, објавен е деновиве на Електронскиот систем за јавни набавки и е во висина од 656.389.499,69 денари или нешто повеќе од 10 милиони евра, со рок за исполнување на обврските во следните 13 години или како што стои во договорт 156 месеци.

За времетраењето на договорот, целата опрема која е предмет на договорт за јавно приватно партнерство е во сопственост на приватниот партнер, а потоа се остава во владение на општината.

Фото: Б. Грданоски

Приватниот партнер има обврска за одржување на светилките, конторлерите, мрежната опрема, системот за паметно управување со јавната расвета, опремата и софтверот за изнајмување електрични велосипеди и тротинети, информативните и комерцијални дисплеи, полначите за електровоизлата, а токму приватниот партнер ќе стопанисува со нив во следните 13 години.

Според договорот, приватниот партнер треба да ги обучи работниците, назначени од општината, да ракуваат или да управуваат со ситемите кои тој ќе ги постави. 

Според Законот, во комунална такса спаѓаат:давачките за секоја фирма, односно назив на деловна просторија; користење на површини во кампови за подигање на шатори и друга слична привремена употреба; користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност; истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места; користење на музика во јавните локали; поставување на витрини за изложување на стоки надвор од деловните згради; користење на плоштадите и друг простор во градовите и другите населени места
со цел за изложување предмети, приредување изложби и други забавни приредби за вршење на дејност; користење на простор за паркирање на патнички моторни возила, товарни моторни возила и нивните приколки и автобуси, што за таа цел ќе ги определи општината;
користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и моторцикли и користење и одржување на јавно осветлување.

Каква компанија е „Кресцент“?

Технолошката група Crescent, предводена од Ерик Ван Зеле, развива и имплементира сигурни, безбедни и зелени решенија за Smart Building, Smart City, Industry 4.0 и Smart Energy ширум светот.

Со експертизата на групата компании, Crescent е едношалтерски систем за иновативни IoT интеграции кои ги поттикнуваат бизнисите да напредуваат и овозможуваат и забрзуваат трансформација во побезбедна, поодржлива и поудобна животна средина.

Групата е организирана по четири деловни единици.

Crescent IoT Solutions комбинира 5G технологија од нејзиниот оддел за инженерски услуги со карактеристични способности за дизајн на RF антени за да обезбеди решенија и услуги распоредени во сигурни (приватни) IoT мрежи.

Option™ со својата CloudGate платформа, има моќни отворени интерфејси за собирање (сензорски) податоци во (Cloud) околини и разви успешна иновативна комерцијална платформа LoRa специјално дизајнирана за апликации за паметни згради.

Remoticom BV развива IoT сензори за апликации за паметно осветлување, паметен град и паметна индустрија, кои вообичаено се поврзани преку мобилната технологија NB-IoT/LTE-M и ќе ја прошири својата технологија за сензори со решенија за поврзување без мобилни, како и 5G.

Како системски интегратор, SAIT BV обезбедува решенија за деловни комуникациски системи и ги интегрира можностите на приватната 5G технологија со најсовремените решенија за сензори.

Crescent Lighting, претставено од Innolumis Public Lighting, водечки развивач и производител на паметно и енергетски ефикасно јавно осветлување базирано на LED технологија.

Crescent Services, дом на 2inVision, доверливи добавувачи на управувани, „облак“ и инфраструктурни услуги.

Crescent Ventures ги обединува конзорциумите Smartville и E+Drive.

Во имплементација на Смарт Аеродром компанијата ќе ги вклучи и домашните комапнии.