Последна сесија од Климатското Собрание


Последната сесија од Климатското Собрание – завршната церемонија, ќе се одрижи денеска во Скопје со почеток во 12 часот, информира ЗИП Институт. На настанот ќе присуствува Христина Оџаклиеска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање.

– Финалната сесија ќе биде круцијален настан за ова граѓанско Собрание, на кој 65 граѓани на Скопје избрани по случаен избор ќе ги презентираат своите препораки и предлог–решенија за решавањето на проблемите поврзани со аерозагадувањето во Скопје, соопштуваат од ЗИП Институт.