Што се случува во Хрватска: Застрелани две лица, тројца мртви најдени дома, две бебиња закопани во двор?


Хрватска во последните два дена е погодена од невидени трагедии.

Имено, попладнево најдени се тела на две лица маж и жена на поширокот подрачје на Лепоглава, а извршен е увид за да се утврдат причините. Полицијата реагирала по дојава дека се слушнале пукотници од куќата.

Утрово пак, во семејна куќа во Раштевиќ најдени се три тела на кои нема видливи траги од насилство, а во куќата изворот на глреење е електрична енергија, со што се потврдува дека не починале од труење со гас.

„Не ги познавав најдобро ниту ги гледав често. Последен пат ги видов вчера, како собираат гранки и растенија околу куќата. Куќата ја купија од поранешните сопствениви кои се отселија во Србија, а до војната во куќата имаше струја. Агрегатот кој им даде можност за струја на крај ги чинеше живот“, вели нивна соседка.

Неофицијално се работи за 53-годишна жена, нејзиниот 34-годишен син и неговата 26-годишна девојка. Тие живееле во Бенковац, а во куќата во Раштевиќ доаѓале повремено.

Вчера пак, во двор во близина на Вараждин беа пронајдени закопани тела на бебиња, поточно деца до едногодишна возраст. Родителите беа приведени, а нивното трето дете, за кое се вели дека било неухрането е згрижено од Центарот за социјални грижи.

Родителите биле пропадници на верка секта, живееле по свои правила, а денеска го признаа делото. Децата не биле ни пријавени во матичната служба.