Што се случува кога ќе престанете да јадете црвено месо секој ден


Говедско, свинско, јагнешко, дивеч и коза се црвено месо кое е богато со клучни хранливи материи како што се протеини, железо и витамин Б12.

Без разлика на суштинските придобивки, како и вашите навики, сепак треба да ја насочите исхраната во насока на ограничување на црвеното месо и намалување на исхраната на три порции неделно.

Се намалува холестеролот

Дневните порции месо може да му наштетат на вашиот лош холестерол, особено црвеното месо е познато дека го зголемува ЛДЛ. Истражувањето на Универзитетот во Оксфорд дури покажа дека ризикот од коронарна срцева болест кај луѓето се зголемува за 18 проценти на секои 50 грама дополнително обработено црвено месо што го јаделе дневно.

Штом ги намалите порциите и вашите наоди ќе бидат поинакви, ќе ги исчистите крвните садови.

Намален ризик од дијабетес тип 2

Протеините како црвеното месо влијаат на тоа дали ќе развиете дијабетес тип 2 или не. Студијата од 2014 година заклучила дека конзумирањето месо е постојано поврзано со ризикот од дијабетес тип 2. Затоа лекарската препорака, пишува порталот „Јади ова, не тоа,“ е да се намалат порциите црвено месо.

Ќе имате повеќе енергија

Протеините не се единствената хранлива работа во месото, тие се богати со витамин Б12 и железо, а играат важна улога за вашето здравје бидејќи ја одржуваат вашата енергија. Недостатокот на двете може да доведе до замор и слабост, но со намален внес на месо, ќе го олесните вашиот дигестивен тракт и ќе се чувствувате поенергични.