Што пишува на гробот на Пригожин? Мистериозни зборови поттикнуваат теории на заговор (фото)
На гробот на водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин во Санкт Петербург има поема што може да предизвика теории на заговор за неговата смрт.
Британски Гардијан објави дека станува збор за поема на Јозеф Бродски, руски добитник на Нобеловата награда за литература.
Интересно е што Бродски, исто како и Пригожин, дошол во конфликт со властите во Москва, поради што бил принуден да ја напушти земјата и да се пресели во САД во 1972 година за време на Советскиот Сојуз, а познатата награда ја добил во 1987 година.
👇what’s going on today at the gravesite of Yevgeny Prigozhin. pic.twitter.com/mc7yVaetqr
— Mike Eckel (@Mike_Eckel) August 30, 2023
Исто како Пригожин, Бродски е роден во Санкт Петербург.
Тоа е песната на Бродски „Мајка му зборува на Христос“ во која таа го прашува по распнувањето како ќе си оди дома не знаејќи дали и е син или Бог, односно дали е мртов или жив.
„Мртов или жив, нема разлика, жено, дали сум син или бог, твој сум”, одговара Христос во таа песна.
A framed poem by Joseph Brodsky apparently was also placed on Prigozhin grave (if I’m not mistaken, it’s actually just the last stanza from the poem “Nature Morte”) pic.twitter.com/2BmMWcXk30
— Mike Eckel (@Mike_Eckel) August 30, 2023
Овие стихови би можеле да одат рака под рака со теориите на заговор за фактот дека Пригожин всушност не умрел.
Се подготвува за одмазда?
Според д-р Соловеј, поранешен професор на престижниот Московски институт за меѓународни односи (МГИМО), за кој Дејли мејл тврди дека е центар за обука и за руски шпиони и за дипломати, Пригожин ја лажирал својата смрт во авионска несреќа одобрена од Путин и дизајнирана од неговиот Совет за безбедност на Руската Федерација.
Соловеј тврди дека Пригожин сега подготвува одмазда, а политичкиот аналитичар истовремено ги обвинува руските власти дека лажат за ДНК-та на лидерот на Вагнер пронајдена на местото на авионската несреќа во Тверската област.