Што облече првата дама Ѓоргиевска за првата официјална посета на Чешка?


Со врвен стил, претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска беа пречекани од претседателот Петр Павел (и неговата сопруга Ева), на нивната прва официјална посета на Чешката Република. Според официјалниот протокол, двојката од Македонија, беше пречекана со највисоки државни и воени почести , а на црвениот килим и на средбите во претседателската палата во Прага, со луксузен декор, медиумите се фокусираа и на елегантниот стил на двете први дами.

Бринетата Елизабета избра впечатлив, но едноставен бордо фустан и тенок ремен на струкот со соответни високи потпетици во истата боја, а русокосата Ева Павел, исто така, фустан во бледо роза боја, и пониски салонки во крем боја.

Претседателот Пендаровски беше облечен во син костум со вратоврска во омилената виолетова боја, за да стилски и парира на првата дама, а чешкиот претседател избра тегет костум со розова нијанса на вратоврска, за да одговара на бојата на фустанот на сопругата Ева.

 

Нашата вита и харизматична прва дама, и во оваа прилика го покажа  својот истенчен вкус за мода, со минималистички стил, прочистен од сите модни додавки, и според сите дрес-код норми почитувани во светот. Уште еднаш, македонска варијанта на префинетиот француски стил на Карла Бруни-Саркози, според критичарите – најпрва дама со стил во светот. (Л.С.)