Што облече Кејт Мидлтон на Конференцијата на ОН за климата во Глазгов?


Шкотска- На Конференцијата за климата на Обединетите Нации во Глазгов, покрај светските лидери и славни ѕвезди како Ди Каприо, присатно е и британското кралско семејство. 

Што облече војвотката од Кембриџ, која важи за модна икона? 

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се одлучија за сино за таа пригода. Не само што Кејт се координираше со својот сопруг, туку и нејзиниот син фустан беше совршен начин да ја повтори бојата на нејзиниот познат свршенички прстен.

На настанот, војвотката носеше храбар син палто- фустан со долги ракави со црни копчиња од лондонскиот бренд Eponine.  Тоа е отстапување од нејзините потечни, опуштени силуети. Дури и кога носи капути, Кејт се одлучува за понежни раменици. Тегет салонките од велур и соодветната чантичка го комплетираа изгледот на вечерта, заедно со дијамантските обетки и црвен брош од афион.