Штипска Клиничка болница утре ќе го објави огласот за вработување на 23 болничари, акушерки и медицински сестри


Утре ќе биде објавен јавниот оглас за пополнување на 23 работни позиции во Клиничка болница (КБ)-Штип најави денеска директорот на КБ-Штип, Владко Захариев.

Тој појасни дека овој оглас е за вработување на помошен медицински и технички персонал. Станува збор за пополнување на работни места за болничари, акушерки, медицински сестри.

Во текот на наредната недела ќе биде објавен и втор оглас за две работни позиции, од кои едната е за информатичар.

Штипската Клиничка болница низ годините се соочуваше со дефицит на лекари и помошен медицински кадар, а сега со отварањето на огласите во изминатите две години се пополнуваат испразнетите работни места.