Штип тагува по загинатите во несреќата во Кочани

Штип тагува по петмината починати во несреќата во Кочани. На Градскиот плоштад „Слобода“ и утринава се палеа свеќи покрај сликите на починатите. Во медицинското училиште, односно Средното Општинско училиште (СОУ) „Јане Сандански“ учениците му одадоа почит на својот сокласник Филип Ивановски. Со слики во рацете и солзи во очите учениците се сообраа во училишниот двор. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Корданов изразува длабоко сочувство на семејствата на загинатите.
-Општина Штип отвора книга на жалост за починатите од несреќата во Кочани. Во 13 часот ќе биде поставена на плоштадот Слобода во Штип. Граѓаните ќе можат да остават порака за починатите кои несреќно го изгубија животот во диското во Кочани, велат во соопштението од Општина Штип.
Низ улиците се движат деца со букети цвеќе и солзи во учите, упатувајќи се кон Градскиот плоштад „Слобода“.