Шпанско богатство: Водата и вулканската пепел створија убавина што треба да се види во живо
Баранко де Лас Вакас кој настанал со игра на водата и вулканска пепел во текот на илјадници години претставува едно од најважните богатска на Канарските Острови.
За само неколку часа лет може да стигнете до Канарските Острови во Атланскиот Океан, и да уживате во чудата на природата. Едно од нив се наоѓа на Гран Канари на југот на островот, недалеку од шармантното место Ауимес.
До таму се стигнува по патот и треба да се застане на 14-тиот километар, а потоа следи кратко пешачење. За викенд имамногу метеж, па затоа работните денови се опција за помирно планинарење и излет, кога нема толку локални жители кои го посетуваат Баранко де Лас Вакас, за да се восхитуваат на прекрасните камени формации шт претставуваат едно од најголемите геолошки богатства на Канарите.
Чудесните бои и облиси многу посетители ги потсетуваат на американскиот кањон Антелопе, но шпанскиот е помал и нема да ви треба премногу време за разгледување. Како изгледа погледнете во галеријата.