Шпанија и Португалија се печат на 40 степени! (фото)


Шпанија и Португалија вчера беа погодени од нов топлотен бран со температури кои достигнаа 37 до 40 °C, што е невообичаено за крајот на летото, објави „Severe Weather Europe“.

Климатските промени ги зголемија шансите за толкава жештина
Според истражување објавено на почетокот на септември во Гардијан, климатските промени ги направија ваквите екстреми дури 40 пати поверојатни отколку во минатото.

Научниците нагласуваат дека ова е јасен показател за сè почести и посилни временски аномалии предизвикани од глобалното затоплување.

Жештината ги фаворизира пожарите
Жештината доаѓа по летото во кое Шпанија и Португалија видоа поинтензивни пожари отколку во претходните години.

Според истото истражување, нивната сила се зголемила за околу 30 проценти, а експертите предупредуваат дека глобалното затоплување сè повеќе придонесува за пожарите, побивајќи ги аргументите дека тие се исклучиво резултат на занемарувањето на руралните средини.

Огромни економски загуби
Во исто време, истражувањето на Универзитетот во Манхајм, објавено од „Луксембург тајмс“, проценува дека ЕУ ќе претрпи дури 43 милијарди евра економски загуби до крајот на 2025 година како резултат на екстремни временски настани.