Шницли во сос од сливи: Ручек кој ги надминува сите очекувања


Grilled meat. Grilled meat with autumn plum.Bbq,Image: 529019049, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Mykola Lunov / Panthermedia / Profimedia

Парче сочно месо, на скара или динстано, одлично се вклопува со слатко-киселиот вкус на сливите.

Состојки
свински шницли 5 парчиња

ЗА МАРИНАДАТА
масло 2 лажици
сол по вкус
бибер по вкус
оцет 1 лажица
сенф 1 лажица
лук 4 чешниња

ЗА СОСОТ
сливи 400 гр
кромид 1 глава
шеќер по вкус
путер 50 гр
крем за готвење 50 мл
џем од сливи 1 лажица

Подготовка:

Исчукајте ги свинските шницли. Измешајте ги сите состојки за маринадата, маринирајте ги шницлите и оставете ги да отстојат. Во тава се става шеќерот да се карамелизира, се додава путерот и кромидот исечкан на ленти. Додадете го неутралниот крем, па сливите исечени на половина, а потоа додадете го џемот. Варете додека сливите не омекнат. Испржете ги шницлите во тава по пет минути од двете страни. Со сосот од сливи прелијте ги шницлите.