Шминка со заштитна маска? Совети на Дадар за поубав изглед и во време на корона
Постојаното носење на маска ни го крие лицето и не тера помалку време да поминуваме пред огледало. Ама негата на лицето и во време на корона не губи од актуелноста зашто е дел од нашата култура и хигиена на живеење, а и основна база за шминкање доколку тоа го сакате. Некои жени ја искористија пандемијата да си го одморат лицето од шминка, други не престанаа да се шминкаат и со маски.
Александар Билјановски- Дадар, познат мејк-ап стилист и пријател на славните жени од регионот, во разговор за „Независен“ одговори на најчесто поставуваните прашања за изгледот во време на корона.
На кои проблеми најчесто се жали понежниот пол?
Приметувам дека многу од жените се жалат на проблеми со кожата на лице посебно во пределот каде што лежи маската на лице т.е. околу носот,устата и под образите.
Кој препарат не е препорачливо да се користи?
Многу е важно да не користите течна пудра бидејќи во комбинација со маска едноставно нема логика, а кожата буквално не може да дише.
Како да изгледате свежо?
Ако веќе сакате да изгледате свежо -тогаш ставете коректор околу очите и малку пудра на челото и слепоочниците ,онаму каде што кожата се гледа.
Кој новитет стана најбаран и кој дел од лицето може да се истакне?
Интересно и еден убав момент,во сето ова лудило ,е тоа што многу жени почнаа да ги нагласуваат очите и веѓите со трајна шминка или секојдневно се шминкаат па дури и експериментираат повеќе ставајќи акцент на очите и веѓите.
Каков тип на кармин да се избере?
Во однос на карминот -одберете траен кармин кој нема да се размачкува , ќе трае долго и нема да ви прави проблем!
Како да се одвлече вниманието од маската?
Секако тука ќе напоменам дека дамите носејќи маска се грижат повеќе и се похрабри во изборот на фризури се со цел да го оттргнат вниманието од задолжителното носење на маска.
Маската е најважна!
Сакам да напоменам дека маската за лице ,доколку е хируршка ,мора да се менува на 2 часа ако е тоа можно или уште подобро да користат маска н95 но на секој 2 часа да се прска со алкохол со цел да се спречи создавање на бактерии кои влијаат лошо на кожата.
