Шест руски и украински деца повторно обединети со семејствата, заслугата e на Меланија Трамп
Уште шест руски и украински деца ќе бидат повторно обединети со своите семејства, соопштија во четврток Вашингтон и Москва, оддавајќи признание на напорите на првата дама на САД Меланија Трамп.
Едно дете ќе се врати во Русија, а пет деца ќе бидат повторно обединети со своите семејства во Украина, изјави на Телеграм Марија Лвова-Белова, руски претседателски комесар за правата на децата.
Првата дама на САД му пиша на рускиот претседател Владимир Путин во август за тешката состојба на украинските деца одвоени од своите семејства поради војната. Украина ја обвинува Русија за киднапирање илјадници деца, обвинение што Москва го негира. Белата куќа во посебна изјава соопшти дека разговорите со двете страни продолжуваат, истакнувајќи дека ова е трет пат првата дама да посредува во таков напор.
Во својата објава, Лвова-Белова ѝ се заблагодари на Меланија Трамп за нејзината „непоколеблива посветеност и активно учество во враќањето на децата во нивните семејства“.