Шерон Стоун се врати како кралица на Кроазета во „Долче и Габана“

Франција- Актерката Шерон Стоун се појави на црвениот килим на канскиот филмски фестивал , како најдобро облечена гостинка на целиот фестивал, според критичарите.
Ѕвездата на „Basic Instinct “ присуствуваше на премиерата на „ The Story of My Wife “ во фантастична креација на Долче и Габана. Тоалетата од небесно син тул како нејзините очи, беше украсена со цветни апликации, давајќи ѝ изглед на принцезата на Дизни.
„Ова е она од што се создадени соништата“, напишала Стоун (63) на Инстаграм.
На актерката и се придружија моделите Попи Делевињ и Хана Крос на премиерата на романтичната драма, за маж кој изјави дека ќе се ожени со следната жена што ќе влезе во еден бар.
Во филмот, во режија на Илдико Енеди, игра француската актерка Леа Сејду, која беше принудена да го откаже планираното појавување на годинешниот филмски фестивал во Кан, откако беше позитивна на тестот за Ковид-19.
Стоун утре ќе биде домаќин на 27-то издание на добротворната гала-вечер, организирана од американската фондација АМФАР за борба против сидата, во рамките на Канскиот филмски фестивал.
Настанот, кој традиционално вклучува вечера, аукција и модна ревија, ќе се одржи на во дворот на луксузна вила во Кап д’Антиб. Претседателот на жирито на престижниот филмски настан во францускиот град – режисерот Спајк Ли, ќе биде специјален гостин на свечената вечер. Меѓу гостите се и пејачката Алиша Кис, глумиците Анџела Басет, Мила Јовович, Никол Кидман, супермоделката Хајди Клум и други, иако бројот на гости годинава е ограничен поради анти-пандемиските мерки.
Секоја година, АМФАР собира средства за истражувања и поддршка во борбата против сидата за време на фестивалот, што се одржува на францускиот Азурен Брег.
Стоун е долгогодишна активистка на АМФАР и чест учесник во добротворните настани на организацијата. Наддавањето ќе понуди модни тоалети, уметнички дела и други луксузни нешта.
Фестивалот кој трае до сабота и финишира со доделување на „Златната палма“ , дава ноќ по ноќ гламурозни црвени килими, откако започна на 6 јули.
Кан, кој сега има 74 години, обединува некои од најочекуваните наслови на филмската индустрија, како и некои од најпознатите лица на сребрениот екран.
Фестивалот, кој оваа година беше одложен од вообичаените мајски датуми, беше откажан целосно во 2020 година, поради пандемијата. Оваа година, Кан воведе систем за претходна резервација за проекции, оние што присуствуваат од надвор од ЕУ мора да се достават на редовно тестирање на Ковид-19, а носењето маска е задолжително.