Шерон Стоун откри дека има бенигнен тумор на матката – прегледите живот значат


 
САД-  Актерката Шерон Стоун (64)  ги повика своите обожаватели секогаш да „добиваат второ мислење“ откако добила „погрешна дијагноза“ за која се испоставило дека е фиброид- бенигнен тумор на матката. 
„Ќе се опоравувам 4-6 недели, сподели Стоун.

Според NHS, фиброидите се неканцерозни израстоци кои се развиваат во или околу матката.

Многумина не се свесни дека имаат фиброиди бидејќи тие не предизвикуваат никакви симптоми. Меѓутоа, во ретки случаи тие можат да предизвикаат сериозни проблеми.

Некои може да страдаат од болки во стомакот или долниот дел на грбот, како и болни периоди и непријатност за време на сексот.

Тие исто така може да предизвикаат неплодност во некои случаи и компликации за време на бременоста.

Секс симболот на деведесеттите, во 2001 година, на 43 години преживеала мозочен удар, од кој се опоравувала со години. Повторно морала да учи да оди, пишува и чита, а кажува дека животот целосно ѝ се променил по тоа.

– Имав пет отсто шанси за преживување. Кога се вратив дома од болница едвај можев да одам. Колковите ми беа нестабилни и не ја чувствував левата нога. Целата лева страна на телото ми беше мртва, не гледав на левото око и не слушав на левото уво. Морав повторно да учам да говорам, читам и пишувам. Три години не знаев да си го напишам моето име, раскажува глумицата, која сега е опоравена.

Еден од проблемите ѝ бил губењето на сеќавањето, односно тоа што не можела да помни нови информации, па поради тоа не можела ни да глуми.