Шефовите на руските и американските разузнавачи телефонски разговaрaa по долго време


Како еден од условите за подобрување на американско-руските односи, вчера се одржа телефонска средба меѓу директорите на разузнавачките служби на Руската Федерација и на САД.

Во првиот таков контакт по неколку години, шефот на ЦИА Џон Ретклиф и шефот на СВР Сергеј Наришкин разговараа по телефон и се согласија на редовен контакт меѓу нивните организации.

Највисоките разузнавачи на двете земји се согласија да продолжат да одржуваат редовни контакти меѓу нивните агенции со цел да се спречи избувнување на инциденти.

Директниот контакт меѓу разузнавачките заедници на двете земји, наводно, бил прекинат со избувнувањето на војната во Украина, при што американската разузнавачка заедница, предводена од ЦИА, давала целосна поддршка на украинските воени операции.

Руските медиуми ваквиот пристап го објаснуваат како форма на добра волја на руската страна со цел да се намали конфронтацијата во односите меѓу двете земји.

Средбата меѓу двајцата разузнавачи доаѓа на почетокот на втората рунда преговори меѓу американската и украинската делегација за прекин на огнот, која заврши вчера со средба во Саудиска Арабија.