Шефовите на дипломатиите на Германија и Франција, Бербок и Баро во посета на Сирија


Дамаск – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок заедно со својот француски колега Жан-Ноел Баро денеска престојува во еднодневна посета на Сирија. За време на посетата Бербок ќе се сретне со лидерот на новата сириска Влада, Ахмед ал Шара.

 „Моето денешно патување, заедно со мојот француски колега и во име на ЕУ, е јасен сигнал за Сиријците: можен е нов политички почеток меѓу Европа и Сирија, меѓу Германија и Сирија“, наведе Бербок во соопштение објавено пред нејзиното тргнување за Дамаск.

Таа посочи дека сега сите го имаат на ум она што го посакуваат милиони Сиријци – Сирија повторно да стане почитувана членка на меѓународната заедница.

„Во Сирија сакаме да промовираме мирна и барана транзиција во служба на сирискиот народ и заради регионалната стабилност“, напиша Баро на мрежата Икс.