Шанаја Твеjн по трет пат во Лас Вегас со концерти во 2024 година


Лас Вегас– Шанаја Твен уште еднаш излегува на сцената во Лас Вегас. Иконата на кантри музиката во вторникот на „CBS Mornings“ објави дека повторно ќе има резиденција во Лас Вегас, почнувајќи од 2024 година.

Резиденцијата – насловена како „”Shania Twain: COME ON OVER – The Las Vegas Residency – All The Hits!” – треба да започне на 10 мај вово Планет Холивуд Ресорт и Казино.

„Тоа е многу посебно време за мене. Посреќна сум од кога и да е што сум на сцената. Само го сакам животот, ја споделувам мојата нова музика и … се чувствувам навистина среќно и се надевам дека ќе станам таму и ќе донесам малку инспирација, повеќе позитивност“, изјави Твејн за „CBS Mornings“.

Таа рече дека резиденцијата е „повторно споделување“ на нејзиниот албум „Come On Over“ кој првпат беше објавен пред 25 години.

„Сите хитови ќе бидат во шоуто и се надевам дека ќе се забавуваме многу заедно“, рече Твен.

Со над 100 милиони продадени албуми и пет Греми награди, Твен е една од најпродаваните женски кантри изведувачи во историјата.

57-годишната ѕвезда рече дека ќе изведува хитови како “Man! I Feel Like a Woman!” и „You’re Still the One“, заедно со новата музика од нејзиниот последен албум „Queen of Me“. Резиденцијата ќе вклучува 24 концерти и завршува во декември 2024 година.

Твејн, во партнерство со Live Nation Las Vegas и Caesars Entertainment, има посветено 1 долар од секое купување билет да биде насочено кон Shania Kids Can, добротворна иницијатива блиска до срцето на Твејн.

Предпродажбата треба да започне во среда, а генералната продажба започнува во понеделник.

Резиденцијата ќе биде трета на Твејн во Лас Вегас. Нејзиниот прв се одржа од 2012 до 2014 година во Колосеумот во Палатата Цезар. Нејзината втора резиденција, “”Let’s Go!!” се одржа во театарот  во Планет Холивуд Ресорт и Казино од декември 2019 до јуни 2020 година.

Минатиот месец, добитничката на Греми го заврши првиот дел од нејзината распродадена глобална турнеја „Queen of Me“.