Шакира со синовите ќе ја бара среќата во Мајами
Мајами – „Се преселив во Барселона за да им дадам на моите синови стабилност, истата стабилност што сега ја бараме на другата страна на светот. Денес почнуваме ново поглавје во потрага по среќата“, вели поп-ѕвездата Шакира, која се отсели од шпанската престолнина, една година по разделбата со Жерар Пике.
Колумбиската пејачка со синовите Милан (10) и Саша (8) ја напушти Барселона. Тие отсега ќе живеат во Мајами, каде што Шакира веќе некое време го уредува нивниот нов семеен дом, но и каде што работи со неколку музички продуценти и снима нови песни.
Заминувањето на Шакира привлече толкаво внимание, што папараците ги следеа до аеродромот и го сликаа моментот кога се чекираа да влезат во авионот.
Фотографиите ги објавија повеќето шпански, но и бројни светски медиуми, со коментар дека пејачката конечно почнува нов живот по тешката година и долгата борба за старателство со поранешниот партнер Жерар Пике.
Во текот на летот кон Мајами, Шакира објави Инстаграм Стори од авион.
„Работите не се секогаш какви што сонуваме дека ќе бидат. Понекогаш трчаме, ама не стигнуваме на целта“, напиша таа на фотографијата.
Брзо пред заминувањето од Шпанија, нејзиниот публицист излезе со официјална изјава до шпанските медиуми:
„Се преселив во Барселона за да им дадам на моите синови стабилност, истата стабилност што сега ја бараме на другата страна на светот. Денес почнуваме ново поглавје во потрага по среќата.
Ви благодарам на сите кои страдавте заедно со мене во Барселона, градот каде што научив дека пријателството е поголемо од љубовта.
Ви благодарам и на сите кои ме поддржувавте таму, што ми помогнавте да ги исушам солзите, што ме инспириравте и ми помогнавте да пораснам“, стои во пораката од Шакира, а пренесе „Daily Mail“.
Шпанските медиуми пишуваат дека Шакира веќе нашла ново училиште за децата и дека тие веќе некое време не одат на бејзбол тренинзи во својот клуб.
Шакира и Пике се разделија во мај 2022 година, по 11 години врска во која се родија нивните синови Саша и Милан.
Неколку месеци подоцна, Пике ја покажа новата девојка Клара Чиа, но брзо потоа во јавноста се дозна дека тој бил во врска со неа барем една година пред да прекине со Шакира.
Неодамна таблоидите во САД пренесоа дека Шакира има нов дечко во Мајами и дека се гледаат околу четири месеци.
Шакира има нето вредност од 350 милиони долари, 46-годишната Колумбијка продаде над 75 милиони плочи што ја направи една од најпродаваните музички уметници во светот.

Шакира, исто така, ја основаше Фондацијата Barefoot која им помага на сиромашните и сиромашните деца. Барселона и фондацијата соработуваа заедно за да обезбедат образование на децата преку спорт.
Двојката се сопственици на имот, едно од нив е палата во Мајами и во Њујорк. Домот во Барселона му припадна на Пике кој го подари на татка си, кој пак ја избрка Шакира од куќата каде ги раснеа синовите.