Шакира и Пике постигнаа договор за старателство – пејачката се сели со децата во Мајами
Шпанија – Колумбиската поп-ѕвезда Шакира постигна договор со поранешниот партнер, фудбалерот Жерар Пике околу старателството над нивните две деца по раскинувањето на нивната 11-годишна врска претходно оваа година, изјави во вторникот претставникот на Шакира во Шпанија.
Деталите од договорот ќе бидат откриени подоцна во вторник, рече претставникот.
Според локалниот весник La Vanguardia, договорот прецизира дека нивните синови Милан (9) и Саша (7) ќе се преселат во Мајами со нивната мајка.
Шакира Мебарак (45) и одбранбениот играч на Барселона, Пике (35) беа заедно од 2011 година, но никогаш не се венчаа. Тие се запознале непосредно пред Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, кога тој се појавил во музичкото видео за песната на Шакира „Вака Вака (Овој пат за Африка), официјалната песна на турнирот.
Крајот на нивната врска го објавија во јунско соопштение.
Договорот за старателство беше постигнат една недела откако Пике го најави своето скоро повлекување од професионалниот фудбал и заминување од ФК Барселона.
Пејачката на „Hips Don’t Lie“ се соочува со судење поради наводна даночна измама во Шпанија, откако ја загуби жалбата на 26 мај. Обвинителите тврдат дека таа не платила до 14,5 милиони евра (14,48 милиони долари) данок на приход заработен помеѓу 2012 и 2014 година. (Ројтерс)