Северина нѐ „поздрави“ од Блискиот Исток: Од плажа до пустина (фото)


По изведувањето на низа концерти и ангажмани оваа есен, регионалната поп-ѕвезда Северина замина на заслужен одмор. Таа изминатава недела уживаше во Јордан, а по посетата на античкиот град Џераш, на социјалните мрежи сподели возбудливи моменти од пустината Вади Рум.

Во познатата пустина, позната и како Долината на сонцето, беа снимени голем број легендарни филмови, меѓу другите Лоренс од Арабија од 1962 година. Токму на овој холивудски класик се осврна Северина со низа фотографии од пустина, а откри и како во друштво на млад возач возела низ кањонот со џип.

Малку подоцна таа сподели и фотографија на која позира со две камили во истото издание, а следна станица и беше плажа на брегот на Мртвото Море.

 

Пејачката направи „тура“ низ земјата и оттаму постира најразлични фотографии – од знаменитости, начин на живеење и културна традиција на населението, па се до фотки на кои самата таа позира во бикини. Фановите ѝ пријателките од Хрватска и го пофалија и стајлингот- подобар и од оној на Меланија Трамп кога беше прва дама.