Северина го дочека Божик во бел фустан и златни потпетици

Обожавателите не добиваат често прилика да ѕирнат во нејзиниот дом, а овој пат таа направи исклучок и покажа како изгледа „празничниот дух“


По традиционалното дружење на Бадник на загрепската Шпица, од кое објави неколку Stories на својот Инстаграм профил, Северина како и многу Хрвати кои се држат до традицијата го прослави Божик во својот дом, кој јавноста ретко има можност да го види.

Како изгледа„празничниот дух“ во нејзиниот дом во Загреб? Пејачката избрала прекрасна елка висока околу два метри, која ја украсила со златни топчиња и украси со различна големина, а во нејзината основа поставила неколку фигурини Оревокршачка, кои според германската традиција ги бркаат злите духови од домот на сопственикот. Иако не се гледаат баш најдобро, затоа што Северина позираше пред елката за својата новогодишна честитка, тука се и креветчињата, но и подароците кои најверојатно не се наменети за никој друг туку за нејзината најголема љубов, синот Александар. Сладок божикен декор е и Дедо Мраз во златна ламба со стаклена сенка што се гледа во позадината на елката.

„По повод најубавиот празник Божи, ви посакувам добро здравје, внатрешен мир и безвременска љубов…“ напиша регионалната поп-ѕвезда со веќе традиционалните хаштагови #ljubavse ljubavrac и #volimstosevolimo.

За празникот на кој се молиме за надеж, среќа, љубов, мир и прошка, пејачката избра долг бел фустан и златни потпетици. Фустанот нежно паѓаше околу нејзиното тело, исто како благо брановидните прамени на нејзината пуштена коса. Целиот божиќен изглед Северина дополнително го „зачини“ со непогрешлив избор на накит – златни обетки. Можеме да го видиме неизбежниот црвен детаљ во стајлингот на нејзините нокти.