Серж Генсбур и Џејн Биркин: „Je T’aime… Moi Non Plus“ е повеќе од воздишки


Најеротичната песна на сите времиња останува француската балада „Je T’aime… Moi Non Plus“, која ја отпеа Џејн Биркин, со  нејзиниот поранешен партнер Серж Генсбур во 1968 година.

На 77-годишна возраст, во својот дом во Франција, почина познатата британско-француска актерка, пејачка и модна икона Џејн Биркин, 32 години по смртта на Генсбур кој почина во 1991 година, на само 63 години, од срцев удар. 

Се сакале, се расправале, оделе на забави кои траеле до утро, а нивната романса траела повеќе од десет години. Иако многумина ќе кажат за нив дека биле скандалозен пар, овој француски музичар и поет заедно со неговата муза ќе инспирираат генерации млади луѓе.

Тоа не било љубов на прв поглед

Биркин поминувала низ разводот со нејзиниот тогашен сопруг Џон Бери токму во периодот кога се на патување во Париз заедно со нејзината најстара ќерка Кејт, која трагично ќе загине во 2013 година паѓајќи од прозор. Иако не го знаела францускиот јазик, добива улога во филмот „Слоган” во режија на Пјер Гримбле. На тој сет го запознава Серж. Неговиот став кон Биркин на почетокот бил прилично негативен, дури помалку и запоставувачки, поради што Џејн ќе се пожали на својот брат велејќи му дека работи со грозен Французин кој ја иритира.

„Тој арогантен и помпезен сноб едноставно ме презира”.

Кога се расправале знаел цел Париз

Двајцата биле со експлозивна енергија и јавните скандали биле честа појава во нивните животи. Во парискиот бар „Castel”, наводно во една прилика се гаѓале со валкани алишта и храна, се бркале по булеварот Сен Жермен и на крај Биркин се фрлила во Сена. Расправијата завршила така што добро се насмеале и се вратиле дома.

“Je t’aime… moi non plus”

Оваа славна песна е напишана многу порано пред да ја сретне Биркин. Песната е посветена на Брижит Бардо. Tие заедно ќе ја снимат 1967, но таа верзија не е објавена со до 1986 година. Во меѓувреме тој ја снима песната со Џејн 1969 година и веднаш станува хит со тоа што ги освојува сите топ листи низ Европа, но поради воздишките на Биркин во некои земји ќе биде забранета.

Нивната љубов ќе трае цел живот

После десет години Биркин и Генсбур ја прекинуваат својата врска. Џејн повеќе не може да ја контролира неговата агресивност и алкохолизам. Се отселува го запознава режисерот Жак Дулон. Но, и после разделбата нивниот однос останува силен. Кога Биркин ќе остане трудна од режисерот , Серж ќе и испрати цела кутија детска облека, а подоцна ќе биде и кум на нејзината ќерка Лу. Тие ја имаат заедно Шарлот Генсбур, инаку муза на генијалниот Ларс Фон Триер. Ќе останат пријатели целиот свој живот и заедно ќе создаваат песни.