Сенатот го потврди назначувањето на Џон Ретклиф за директор на ЦИА
Членовите на американскиот Сенат го потврдија назначувањето на Џон Ретклиф за директор на ЦИА, јавија американските медиуми.
За Ретклиф гласаа 74 сенатори, додека 25 беа против. Поранешниот конгресмен од Тексас беше директор на националното разузнавање на Трамп во последните осум месеци од неговиот прв мандат.
На неговото сослушување во Сенатот минатата недела, Ретклиф рече дека ЦИА треба да направи поголема употреба на технологии како што е вештачката интелигенција за да се спротивстави на противниците како Русија и Кина.
Тој рече дека САД мора да ги подобрат своите разузнавачки способности и истовремено да обезбедат заштита на граѓанските права на Американците.