Секој секого кани на телевизиски дуел, а никој не оди


 

Кој сака, кој не сака да оди на телевизиски дебати.

Она што пред еден месец изгхледаше дека ќе биде возбудлива кампања и уште повозбудливио дебати на кандидатите засега е претворено во ништо. Барем што се однесува до телевизиските дебати. Едни откажуиваат на едно место, други во друго студио.

Кандидатот за претседател на „Европскиот фронт“, Бујар Османи, ја повикува Гордана Силјановска-Давкова да ги вркстат аргументите во медиумски дуел. Од неговиот изборен штаб велат „со цел да ги презентираат нивните понуди и отворено да зборуваат пред граѓаните за тоа кој каква визија има за Македонија, веќе вчера Османи упати две јавни покани до политичкиот опонент, од пладневната прес-конференција во Министерството за надворешни работи и од синоќешниот митинг во Црнилиште.

„Затоа денеска ја поканив противкандидатката г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова, и пак ја поканувам, ајде да дебатираме! Бидејќи нашите две понуди се единствените алтернативи, ајде да влеземе на дебата. Јас ќе зборувам за интеграција, вие ќе зборувате за изолација. Јас ќе зборувам за соживот на ‘Европскиот фронт’, вие ќе зборувате како ви требаат 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, Турците и другите од одлучувањето. Ќе зборувам како секој од нас да има европски пасош во џебот, а таа нека зборува како ги тера луѓето и нашите граѓани да земат бугарски пасош за да избегаат во Европа. Ова се двете алтернативи кои ни се нудат“ – истакна Османи.

Од штабот на Силјановска-Давкова, вака одговорија на овој повик:

„Ако е ова една модерна колонија, еден протекторат, во кој што е важен сертификатот однадвор, што би рекол еден медицински политичар или политички лекар кој за себе мисли дека е европски претседател. Такво нешто не постои. Па, сега слушам и тој фрлил ракавица и ме предизвикува на двобој. Човекот нема поим за тоа што зборува. Замислете што му е најважно? Сертифицирани да биле политичарите. А, кој го дава сертификатот? Вие, граѓаните, народот! Е, па, да видиме дали ќе добие сертификат. Нека дојде на дуел со сите кандидати, па да видиме кого ќе го сертифицираат во предиграта, во премиерата, па за да знаеме што ќе се случува во вториот дел од политичката игра“.