Сеф со милион долари и накит украдени од домот на мајката на Бијонсе


Лос  Анџелес– На мајката на Бијонсе, Тина Ноулс-Лосон, ѝ бил ограбен домот во Лос Анџелес за време на викендот, при што крадци украле 1.000.000 долари во готовина и накит, пишува TMZ.

Според порталот, во средата (5 јули), член на тимот на Ноулс открил дека целиот сеф на 69-годишната Ноулс е украден. Не е познато каде точно се наоѓала модната дизајнерка во моментот на инцидентот, но таа била надвор од градот во текот на викендот.

Таа сподели снимка во неделата (9 јули) од концертот на Бијонсе во Торонто, во рамките на светската турнеја „Ренесанс“ .

Кражбата доаѓа само неколку месеци откако властите беа повикани во резиденцијата на Ноулс-Лосон, каде што беше уапсен човек за предизвикување вознемиреност и оштетување на имотот. ТМЗ објави дека неименуваниот маж фрлал камења врз нејзиното поштенско сандаче уште во април. Наводно, мажот бил сместен на психијатриско одделение.

Според медиумот, Тина одбила да поднесе обвинение или да поднесе полициски извештај во тоа време.