Седум пациенти чекаат трансфер во странство од „Жан Митрев“


Фото: Б. Грданоски

Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека кај нив се згижени седум пациенти повредеи вои трагедијата во Кочани, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани.

– Во овие критични моменти, Клиниката „Жан Митрев“ е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување. Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните семејства и сите засегнати од оваа трагедија, се наведува во соопштнието од Клиниката „Жан Митрев“.